Skip to main content
Свет

Нови ракетни удари врз Техеран, иранската армија пресретна проектили

13/06/2025  18:55

Иранската државна телевизија објави дека вечерва се активирале воздушните одбрани низ целата земја, откако биле забележани нови ракетни напади врз главниот град Техеран.

Според телевизијата Press TV, неколку ракети биле пресретнати јужно од Техеран, додека државната мрежа IRIB извести дека западниот дел на Техеран е погоден со нови напади, пренесува Си-Ен-Ен.  Градот Караџ, кој се наоѓа во близина на главниот град, исто така бил цел на напади, се наведува во медиумските извештаи.

Телевизијата не прецизираше дали има жртви или материјална штета. Си-Ен-Ен објави дека се обратиле до израелската армија за коментар, но досега нема официјален одговор.