Џулија Робертс објави ретка посвета на својот сопруг Дани Модер во чест на годишнината од нивната венчавка.
52-годишната добитничка на „Оскар“ објави фотографија со сопругот, со која ја одбележа 18-годишнината од нивниот брак.
Познатата актерка и една година помладиот снимател се запознале во 2000 година на снимањето на „Мексиканецот“, а се венчале две години подоцна.
Тие имаат три деца – Хенри (12) и 15-годишните близнаци Финеус и Хејзел.
Двојката многу ретко споделува интимност на социјалните мрежи. Минатата година Модер објави посвета на Џулија на Денот на мајката, а пред тоа последната семејна фотографија ја сподели во 2017 година.