Skip to main content
Скопје

Град Скопје доделува субвенции за граѓаните кои купиле инвертер клими годинава

13/06/2025  15:00

Градот Скопје, со цел зголемување употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои набавиле уред во 2025 година ќе им ги надомести трошоците до 20.000,00 денари по домаќинство, известија надлежните.

Право на учество на јавниот повик имаат жители на градот Скопје кои набавиле инвертер клима уред за затоплување на домаќинство во периодот од 01.01.2025 година до завршување на јавниот повик, кои ќе поднесат барање за надомест на трошоците.

Условите за начинот на пријавување на јавниот повик и негово спроведување се достапни на веб-страната на Град Скопје.