Skip to main content
Свет

Јапонија им нареди на авиокомпаниите да ги проверат авионите Боинг 787 по несреќата на Ер Индија

13/06/2025  09:24

Министерството за транспорт на Јапонија денеска соопшти дека издало упатства до авиокомпаниите во земјата кои користат авиони Боинг 787 да ги проверат по фаталната несреќа на авионот 787-8 на Ер Индија. 

Министерството за земјиште, инфраструктура, транспорт и туризам на земјата ги покани компаниите „Ол Нипон Ервејс“, „Џапен Ерлајнс“ и нискобуџетната подружница на JAL, „Зипаир Токио“, да ги проверат моторите и труповите на авионите. 

Во соопштението се наведува дека нивната употреба нема да биде прекината, пренесува јапонска новинска агенција.