Search

Мицкоски: Народот сака промени на лошото секојдневно и доаѓа обнова

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата 360 степени на ТВ Алсат М, истакна дека во текот на предизборната кампања посетил голем број на градови и села, се сретнал со голем број на граѓани, и она што го почувствувал е дека народот сака обнова.

Желбата на граѓаните на овие избори е очигледна и тоа се случува на терен секојдневно бидејќи посетувам од 3 до 5 различни места, се трудам да ја поминам цела Македонија во оваа предизборна кампања и она што можам да го почувствувам, е рефлексијата од теренот, од граѓаните дека всушност  луѓето  навистина сакаат обнова и не се задоволни од тоа  што се случуваше изминатите три години години, вели Мицкоски.

Суштината е дека луѓето се незадоволни од живејачката, луѓето сакаат промени. Луѓето ова денешно секојдневие кое што го живеат не ги прави среќни и задоволни. Тоа мене ми дава храброст, но од друга страна и ме обврзува дека после 15 јули, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ќе добие масовна поддршка од граѓаните, но  и голема е влокот бидјеќи по тоа граѓаните очекуваат веднаш , би рекол во првите 100 дена да се направи сериозен исчекор од ова политичко мочуриште кое што сите ние тињеме заедно со граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави