Skip to main content
Скопје

Повеќе делови од Скопје утре без струја

09/06/2025  22:03

Утре, 10 јуни, делови од повеќе скопски општини ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати. Од електродистрибуцијата информираат дека прекините ќе бидат во неколку населени места и улици, во различни временски интервали.

Според најавата, без струја ќе бидат:

Село Бразда – корисниците на улица 20 од 09:00 до 10:00 часот.

Сопиште – улица 10 и дел од улица 134, во период од 09:00 до 12:00 часот.

Карпош (Скопје) – дел од улицата Иван Цанкар, од 09:00 до 14:30 часот.

Ѓорче Петров – дел од улицата 101 во с. Волково, од 11:30 до 15:30 часот.

Кисела Вода – околината на ресторанот Теферич и дел од улицата Мариовска, во период од 12:00 до 15:00 часот.

Надлежните апелираат до граѓаните да ги планираат своите обврски во согласност со најавените прекини и да бидат внимателни при користење на електрични уреди.