Skip to main content
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Пред нас се многу попријатни температури, Африканскиот бран попушта!

09/06/2025  21:59

Пред нас се многу попријатни температури на воздухот, што значи како што претходно кажав, топлиот бран од Африка значително ќе ослабне, па така максималните дневни температури на воздухот до крајот на оваа недела ќе бидат многу попријатни и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени. Во Скопје и околината максималната дневна температура ќе се искачува до околу 32/ 33 степени.