Skip to main content
Свет

„Фајненшл тајмс“: Западните банки веќе ја разгледуваат можноста за укинување на санкциите против Русија

07/11/2024  12:21

Победата на кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, на претседателските избори во Америка предизвика дискусии во западните банки за можното укинување на санкциите против Руската Федерација, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори.

„Утринава сите зборуваат за тоа како да тргуваат со Русија и дали ќе бидат укинати санкциите. Трговците во западните банки одеднаш се прашуваат дали можат да ja користат рубљата сега“, кажал еден од менаџерите, според медиумот.

Заврши гласањето на изборите во Америка. Официјалните резултати се уште не се сумирани, но, според прогнозите на американските медиуми, Трамп веќе освоил повеќе од 270 електорски гласови, што е доволно за победа.

А тој веќе се прогласи за 47-ми претседател на САД, пренесува Спутник. Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон го нарече избран шеф на државата, а Трамп веќе добива голем број честитки од странските лидери.