Skip to main content
Македонија

Партија на пензионери: Шокирани сме од високите сметки за парно греење

09/06/2025  09:51

Како политичка партија која ги застапува интересите на најранливата категорија на нашите граѓани, пензионерите, шокирани сме од сознанието дека сметките за парно греење за месец Мај о.г., доставени од ЕСМ на нашите граѓани изнесуваат неверојатно високи суми. Ова го велат од Партијата на пензионерите.

– На увид ни се дадени сметки за стан во Центар од 75 квм, во висина од над 6.000,оо денари. Вакви сметки, веројатно, ЕСМ ќе дистрибуира и во наредните месеци, а со почеток на наредната грејна сезона и уште повисоки. Се прашуваме, дали некој во ЕСМ се грижи за корисниците на парното греење, дали нашите граѓани можат да поднесат ваков терет ако се знае платежната моќ на нашите граѓани. Дали таквата политика на ЕСМ придонесува за масовно греење на еколошки најдобар начин или да започне процес на масовно откажување од парното греење и барање алтернативен начин, на дрва, јаглен, пелети,струја итн. Апелираме, ЕСМ да преземе мерки и да ги коригира сметките, а во иднина да води сметка да не доведе до масовно незадоволство и излив на истото пред институциите на системот, велат од партијата.