Search

Заев најави 2,2 милијарди јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција во Штип на која заедно со Љупчо Николовски и Венко Филипче ја претставуваше Програмата на Коалицијата „Можеме“ вети инвестиции во висина од 3,3 милијарди евра.

„Се обврзуваме на над една милијарда евра странски инвестиции за 4 години, засновани на иновации, на висок степен на финализација на производи и услуги и оддржливост на бизнисите. За 4 години ќе има 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции“, најави Заев.

Тој порача дека тоа ќе донесе намалување на невработеноста на ниво од 3% годишно и едноцифрена невработеност до крајот на мандатот.
„За една економија да се развива и расте, потребни се и сериозни инвестиции во инфраструктурата за подобро и поефикасно поврзување внатре и надвор“, додаде Заев.

Треба да знаете
Последни објави