Двајца пештанци фатени со 28 килограми охридска пастрмка

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца жители на Пештани, Охрид, за незаконски риболов на охридска пастрмка.

Според информациите од СВР-Охрид, Ј.М.(33) и Ј.П.(24), на 4 февруари, во 18 часот, во близина на селото биле забележни од полицијата при излегување од водите на Охридското Езеро.

Во нивниот чамец пронашле рибарски мрежи и 52 парчиња риба охридска пастрмка во вкупна тежина од 28,62 килограми.

Треба да знаете
Последни објави