Украле камион-кипер од паркинг на булеварот Борис Трајковски

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Т.(39) и В.А.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба“.

На 04.06.2020 околу 04,00 часот, на бул.„Борис Трајковски“, во плац за паркирање на товарни возила, пријавените извршиле тешка кражба при што одзеле товарно возило – кипер ,,Ивеко“.

Со извршеното кривично дело пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 1.900.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави