Скопјанец ни крив ни должен претепан со палки по тепачка во парк во Лисиче

Двајца скопјани завршиле во болница по расправија во парк во Лисиче, информираше МВР.

На 25.06.2020 во 02.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 2 часот во парк во близина на бензинската пумпа на булeвар Србија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна расправија помеѓу К.И.(26) и Д.Љ.(22) двајцата од Скопје од една страна и непознато лице од друга страна.

Потоа на местото на настанот пристигнале четири непознати лица со патничко моторно возило“ланчија“ кои со дрвени палки физички ги нападнале К.И., Д.Љ како и  Д.А.(21) од Скопје кој се наоѓал во непосредна близина и по негово кажување не се познавал со останатите учесници ниту учествувал во претходната расправијата.

Лицата со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор им биле констатирани повреди.

На местото на настанот излегле полициски службеници до СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави