
Предмалку сообраќајна несреќа се случи на патот Гостивар-Стража, односно пред клучката Маврово кога патничко возило целосно се преврте на кров, а полициски екипи се веќе на лице место и вршат увид.
Причината за несреќата сеуште не е позната, а сообраќајот се одвива отежнато.
Повеќе информации очекуваме во текот на денешниот ден.