Skip to main content
Македонија

Сонце претпладне, облаци и услови за дожд попладне: Денеска температури до 23 степени

21/10/2026  08:20

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска, среда, 21 октомври. Во попладневните часови ќе има услови за слаб локален дожд, најпрво во крајните западни делови, а потоа и на други места низ Македонија.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а највисоката дневна температура ќе достигне до 23 степени.

Во Скопје утрото ќе биде посвежо, со температура околу 8 степени. Во текот на денот ќе се зголемува облачноста, а во раните попладневни часови е можен краткотраен дожд. Максималната температура ќе достигне околу 22 степени. Во вечерните часови постепено ќе се намалува и доцна навечер ќе изнесува околу 14 степени.

Променливото време ќе продолжи и утре, кога попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд. На одделни места врнежите може да бидат пообилни и проследени со грмежи, додека во петок се најавува и засилен северен ветер.