Skip to main content
Хроника

Кривична за жена чие куче нападнало скопјанец

05/06/2025  15:36

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ф.М.(56) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На место викано Текето во Делчево, пријавената го шетала своето куче без соодветна заштитна опрема, кое каснало лице од Скопје, известија од МВР.