Skip to main content
Македонија

СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата на Претседателот на Уставниот Суд

05/06/2025  14:01

СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата на Претседателот на Уставниот Суд, соопштија од партијата.

„Претседателот не го избира Собранието, туку се бира од страна на уставните судии, оттаму ниту правно формално оваа иницијатива не е издржана. Покрај ова, сметаме дека таа може да се искористи исклучиво за дневно политички цели од страна на оние кои ја иницираат. Уставниот суд треба да работи согласно уставот и да ги спроведува сите иницијатви согласно законите“ се наведува во соопштението на СДСМ.