Штипјанка прегазена на влезот од болницата

На 22.06.2020 во 11,30 часот било пријавено дека на влез на Клиничката болница Штип патничко моторно возило “Мерцедес Вито“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.С.(56) од Берово удрило во пешак Л.Б.(72) од Штип.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Л.Б. по што и била укажана лекарска помош во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

Треба да знаете
Последни објави