
Скопјанец пријавил дека вчера на пладне на подрачјето на општина Центар со примена на физичка сила бил ограбен.
„На 01.06.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, Т.Ј.(53) од Скопје пријавил дека околу 11.50 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила му го одзело паричникот со лични документи и пари“, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.