Skip to main content
Скопје

За седум дена казнети 133 возачи, кои непрописно паркирале возила во општина Центар

02/06/2025  10:22

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 26.05. до 01.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 133 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.