
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска оствари средба со ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров, кои вторпат по ред ја освоија двојната круна – титулата во Првенството и трофејот во Купот на Македонија во женска конкуренција.

Стојкоски им честиташе на ракометарките и на стручниот штаб за извонредната сезона и за континуираниот успех што го постигнуваат на национално ниво.
– Ѓорче Петров е гордо на вас. Со вашата посветеност, тимски дух и резултати, вие сте вистински амбасадори на нашата општина. Како локална самоуправа ќе продолжиме активно да го поддржуваме спортот, затоа што веруваме дека преку спортот се гради здрава и успешна заедница – изјави градоначалникот Стојкоски.
ЖРК Ѓорче Петров е еден од најуспешните женски спортски колективи во земјава и континуирано ги претставува боите на општината со огромен успех.
Општина Ѓорче Петров им посакува уште многу титули и нови спортски победи.