Skip to main content
Хроника

Демолирана и ограбена обложувалница во Чаир, одземени сеф и осум кеш бокса, МВР трага по сторителот

25/05/2025  14:48

Грабеж се случил ноќта кон саботата во обложувалница во скопски Чаир во периодот од 00.18 до 04.40 часот, според информацијата на полицијата.

Од МВР за штетата велат дека едно лице со употреба на сила и погоден алат одзело осум кеш бокса, ги оштетило сите апарати, и одзело сеф кој бил под работниот пулт.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се додава во информацијата на полицијата.