Skip to main content

Како аргумент за сомнеж во таквото сценарио, аналитичарот ги посочи предизборните анкети и одѕивот на гласачите. Според неговите зборови, ниту една анкета не предвидувала излезност од околу 70 проценти.

Пекевски оцени дека изборните околности се важни за разбирање на политичките случувања и дека не може да се заклучи оти целиот развој на настаните бил однапред осмислен и контролиран од Вучиќ.

Во разговорот беше отворено и прашањето за следните политички можности на Вучиќ по завршувањето на неговиот втор претседателски мандат, во контекст на ограничувањето за повторен избор на функцијата.