
Триесетгодишен скопјанец во текот на вчерашниот ден бил нападнат во Аеродром.
Додека се движел со товарно возило, тројца мажи кои биле со автомобил му го попречиле патот, при што едниот физички го нападнал, додека другите го влечеле и се обиделе да го извлечат од возилото.
Успеал да им побегне, но не траело долго. Го престигнале и со употреба на тврди предмети му го оштетиле возилото и физички го нападнале со тврд предмет, информира МВР во дневниот полициски билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.