Search

Додик: Одлуката на ЦИК за одложување на изборите во БиХ е нелегитимна

Српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на СНСД, Милорад Додик, изјави дека денешната одлука на ЦИК за одложување на локалните избори во БиХ е нелегитимна.

– Самиот ЦИК е нелегитимен, бидејќи не беше спроведена процедурата при изборот на нејзините членови. За СНСД не е проблемодржувањето избори и  нам не ни одговара пролонгирање, изјави Додик за Радио Српска, . Тој додаде дека СНСД сака изборите да се одржат во законски предвидениот рок.

На денешната седница во Сараево, Централната изборна комисија на БиХ донесе одлука дека годинашните локални избори ќе се одржат на 15 ноември, наместо на 4 октомври.

Треба да знаете
Последни објави