Search

Питони, смарагдна боа и руска желка откриени во автобус на граничниот премин Хоргош

Српските цариници на граничниот премин Хоргош меѓу Србија и Унгарија спречија обид за шверц на заштитени змии и желки во автобус кој сообраќал од Германија за Грција.

Животните биле откриени при преглед на задното седиште кога во кутија од стиропор биле пронајдени три змии, а во терариум била пронајдена желка.

Биле спакувани два зелени питона, една смарагд боа и руска желка.

Шверцуваните животни веднаш се предадени на Гранична ветеринарна инспекција за згрижување во Зоолошката градина Палиќ, додека возачот и сопатникот кај кои се пронајдени животните се предадени на полицијата и обвинителството, пренесува Бета.

Треба да знаете
Последни објави