
Сообраќајот на експресниот пат А3 Штип – Кочани, од клучка Крупиште до клучка Кочани, ќе биде пренасочен денеска од 9 до 12 часот, во кој период ќе се изведуваат технички активности, најави Министерството за внатрешни работи.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе го пренасочува сообраќајот во тој период на стариот пат Штип – Кочани.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за изменетиот режим режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.