
Вчера во 17.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.И.(32) и А.М.(30), двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека во периодот од 15. до 18. месецов на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје одзеле патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, сопственост Н.Д.(60) од Струмица, кое претходно било паркирано од нејзиниот син М.Д. (38) од Струмица, соопштија од МВР.
По документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци од член 42 од Кривичниот законик.