Skip to main content
Балкан

Ужас во Приштина: Тело на бебе најдено во вреќа за ѓубре на депонија

19/05/2025  16:19

Тело на новороденче без знаци на живот е пронајдено во црна кеса покрај ѓубриште на улица во Приштина – ова го потврди косовската полиција за приштинска „Коха“ со изјава дека случајот е пријавен утринава околу 11 часот.

Лекарите од итната помош констатирале дека новороденчето е пронајдено без знаци на живот.

Безживотното тело на новороденчето е пренесено во Институтот за судска медицина, а полицијата започна увид.

Во меѓувреме, овој случај го потврдија и Основното обвинителство во Приштина.

Тие наведуваат дека во врска со овој случај се преземаат сите мерки и истражни дејствија.