Skip to main content
Хроника

Приведен возач во Тетово, на булевар возел со 111 км/час

19/05/2025  11:44

На 18.05.2025 во 09.57 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Х.А.(56) од с.Голема Речица, тетовско.

На бул.„Видое Смилевски Бато” во Тетово тој управувал патничко возило „бмв” со тетовски регистарски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час во населено место.

По целосно документирање на случајот  против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.