Skip to main content
Свет

Можен договор меѓу Израел и Хамас: Прекин на огнот и размена на заложници

18/05/2025  18:49

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека израелскиот преговарачки тим од Доха испитува потенцијален договор за завршување на војната со палестинската милитантна група Хамас, ослободување на сите заложници кои ги држи групата, разоружување и протерување на Хамас.

Кабинетот на израелскиот премиерот соопшти дека преговарачкиот тим работи на две можности, од кои првата е предлогот на американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф за краткорочен прекин на огнот и ограничена размена на заложници, додека втората е договор за завршување на војната преку ослободување на сите заложници во Газа и целосно предавање и протерување на Хамас.