Skip to main content
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НЕДЕЛНА АНАЛИЗА: Следува развој на грмотевични облаци!

18/05/2025  15:54

Метео анализа на Славчо Попоски:

Времето, особено во претпладневните часови ќе биде претежно стабилно, суво и со сончеви периоди. Во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира, и локално ќе се развиваат грмотевични облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално, не ја исклучувам можноста  и за појава на краткотрајно невреме.

И во делови од Скопскиот регион во текот на седмицата во попладневните часови, повремено очекувам развој на грмотевични облаци од кои очекувам појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На следниот линк следете ја алатката за рано предупредување на невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/