Ѓуриќ: Помошта од Русија беше од големо морално значење за Србија

Помошта дадена од руските воени специјалисти имаше големо морално значење за српскиот народ, изјави Марко Ѓуриќ, директорот на Владината канцеларија за Косово и Метохија и заменик на претседателот Александар Вучиќ во владејачката Српска напредна партија, во интервју за ТАСС.

„Во време на предизвици, државите и народите треба да си демонстрираат едни на други со конкретни акти на солидарност дека не се сами во неволја. Ова е особено точно за земји со традиционално пријателски и братски односи. Сигурен сум дека присуството на руски воени специјалисти, покрај тоа што придонесе за воена соработка меѓу нашите земји, пред сè и најважно, имаше морално влијание врз подготвеноста на српскиот народ да ги издржи тешките недели и месеци од борбата против невидливиот и непознат непријател. Помошта што ја даваат руските браќа, без сомнение, ќе биде запаметена и ценета во Србија долго време оти  пријател во неволја е навистина пријател“, рече тој.

Српскиот политичар истакна дека солидарноста меѓу земјите и народите е од огромно значење во услови на пандемија.

„Помошта што ја дава секој на оние на кои им е потребна помош е од клучно значење дури и ако оваа помош е симболична. Верувам дека ова треба да стане принцип на меѓународните односи во периодот по коронавирусот“, рече тој.

Србија претходно побара помош од Русија во борбата против епидемијата. На 4 април,  авионите на руските воздухопловни сили донесоа во Србија руски воени лекари, вклучително и виролози, специјалисти за радијациска, хемиска и биолошка заштита, специјална медицинска опрема, опрема за заштита и шеснаесет воени возила.

Руските специјалисти обезбедија помош во главниот град и во голем број други региони. Тие дезинфицирале стотици илјади метри во клучните здравствени центри и им пружале лекарска помош на пациентите во цела Србија.

Треба да знаете
Последни објави