Skip to main content
Македонија

Времето денеска: Облачно со повремен дожд, а од утре голема промена

17/05/2025  08:13

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Максималната температура ќе се движи од 18 до 26 Целзиусови степени.