Skip to main content
Хроника

Претрес во Велес, пронајдена дрога, уапсено е едно лице

05/11/2024  11:11

Вчера во 14.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода 28-годишниот А.Р. од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.

А.Р. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.