Skip to main content
Македонија

Гаши: Оставката на Таравари не е пристигната, нема ни предлог за гувернер!

15/05/2025  10:50

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната средба со новинари изјави дека сѐ уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари. Гаши додаде и дека нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка.

-Оставка се уште нема, а нема ни предлог за гувернер. Немаме никаква нова информација за пратенички групи, рече Гаши на денешната средба со новинарите.

Сега за сега, како што кажа, нема ни нов координатор од ВРЕДИ.

-На последната координација немаше никој од ВРЕДИ. На координација ги викаме координаторите додека тие официјално се координатори. Кога ќе имаме нова состојба ќе го поканиме оној којшто ќе биде координатор, појасни Гаши.

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари синоќа во изјава рече дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.