Партиите кои сакаат да ја формираат нова влада на Косово ја разгледуваат опцијата за реализација на договорот

Членови на раководствата на Демократскиот Сојуз на Косово (ЛДК), Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската иницијатива (Нисма) се собраа денеска во седиштето на ЛДК за да ги разгледаат можностите за реализирање на договорот кој го постигнаа за формирање на новата влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според партиски ибори, на средбата ќе се разговара и за хармонизацијата на програмата на новата влада која треба да се формира, откако на 25 март беше изгласана недоверба на кабинетот на лидерот на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти.

Минатиот петок, на 1 мај, Уставниот суд на Косово, на барање на ВВ, донесе времена мерка до 29 мај да не се преземаат дејствија во правец на формирање нова влада. До тогаш Судот треба да оцени дали доделувањето на мандатот од страна на претседателот на државата Хашим Тачи на ЛДК и нејзиниот кандидат за премиер, Авдулах Хоти, е во согласност со Уставот и законите на Косово.

Треба да знаете
Последни објави