
Ноќеска во 00.05 часот на подрачјето на општина Петровец, полицијата го привела четириесет и шестгодишниот Ј.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет.
„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, информираат од МВР.