Словенците повторно ќе можат да го користат јавниот превод од 11 мај

Портпаролот на словенечката Влада Јелко Кацин објави дека најверојатно јавниот превоз во земјата повторно ќе биде активиран на 11 мај.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, ваквата одлука е донесена по укинувањето на ограничувањето за граѓаните за движење само во општините на живеење. Освен редовниот автобуски и железнички сообраќај и возилата на јавниот превоз во Љубљана повторно ќе се сообраќаат на редовните линии.

Градоначалникот на Љубљана објави дека од утре повторно ќе се наплаќа паркингот во градот, за кој на почетокот на епидемијата беше донесена одлука да биде бесплатен.

Треба да знаете
Последни објави