Прв случај во светот: Во Србија родено бебе на кое му давале трансфузија во стомакот на мајката заразена со Ковид-19

На породилното одделение на Клиниката „Д-р Драгиша Мишовиќ“ во Белград во неделата се роди дете, кое пред две недели како плод добило крв преку трансфузија низ стомакот на мајка си, затоа што е заразена со коронавирус, а  е и RH негативна.

Ова е единствен случај, не само во Србија, туку и во светот, стручно кажано, да се прави интраутерна трансфузија на бремена жена која е позитивна за КОВИД 19.

Храбрата мајка Валерија, Русинка родена во Сибир која се омажила во Крушевац, се породи со царски рез во 33-та недела од бременоста.

Таа роди син, Лука, тежок 2.2 килограми. И мајката и бебето се добро.

Треба да знаете
Последни објави