Во Албанија регистрирана уште една жртва од „Ковид-19″

Албанското Министерство за здравство и социјална заштита, синоќа информираше дека починал уште еден пациент од Ковид-19,со што вкупната бројка се зголеми на 31 лице.

„Пациент на 71- годиша возраст позитивен на „Ковид-19″,кој еден месец беше во тешка состојба со респираторна акутна инсуфициенца почина во болницата „Шефќет Нроќи”. Пациентот Б.С. од Скадар, боледуваше и дијабетес,хронична анемија, хипертензија. И покрај сите напори на лекарите тој почина. Изразуваме сочувство до семејството, стои во соопштението на Министерството.

Во исто време Министерството апелира до граѓаните строго да ги почитуваат препораките и мерките на надлежните, посебно носење заштитна маска, избегнување групирања и одржување социјална дистанца.

Во Албанија досега театирани се 8.028 сомнителни случаи на коронавирусот, позитивни се потврдени 766, од нив оздравени се 455, додека починати 31 лице.

Од 281 активен пациент на коронавирусот болнички се третираат само 10 отсто, додека останатите се со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови.

Треба да знаете
Последни објави