
Драган Лабовиќ, поранешен српски кошаркар почина на 38-годишна возраст. Некои од српските медиуми пишуваат дека причината за смртта е срцев удар. „Курир“ пренесува дека вчера му се слошило и итно бил пренесен во Белград, но од таму вратен во болница во Прокупље, каде што починал синоќа.
Лабовиќ во својата кариера настапуваше во неколку клубови во неговат аземја и во странство, а настапи и една сезона во македонскиот шампионат во Карпош Соколи, во сезоната 2016/2017, и го освои Купот на Македонија.
Во својата кариера играше и за ФМП, Борац Чачак, Арис, Скајлајнерс Франкфурт, Енисеј, Крилја, Нижни Новгород, Алиага Петки, Ал Рихад, Асесофт Плоешти, Истанбул Башакшехир, Нокија пред да дојде во Карпош Соколи, а потоа во Нокија ја заврши кариерата во 2019 година.
Тој настапуваше во помладите селекции на Србија и беше еден од најдобрите кошаркари во неговата генерација заедно со Миленко Тепиќ и Милош Теодосиќ.