
Поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славевски се најсериозни кандидати за нов гувернер на Народната банка, објави Сител.
Мандатот на Анита Бежоска-Ангеловска истекува на 22 мај, а дотогаш претседателката Гордана Силјановска-Давкова до Собранието треба да достави предлог кој ќе раководи со монетарната политика.
Инаку, владејачката ВМРО-ДПМНЕ веќе направила интерна анкета, според која прв на листата бил Ставрески, а веднаш зад него Славевски.
Исто така, во трка биле и актуелната гувернерка Бежоска-Ангеловска, како и Маја Кадиевска Војновиќ, актуелна членка на Надзорниот одборт на КИБС и во Стопанска банка Битола.