(Видео) Пожар во најголемиот национален парк во Полска

Во полскиот Национален парк „Бебжански“ избувна пожар кој зафати околу 6.000 хектари, што е 10 проценти од површината на паркот, и го гасат стотици пожарникари.

Министерството за екологија соопшти дека пожарот најверојатно бил предизвикан од земјоделците што ја палеле тревата, што е незаконски.

Ситуацијата е влошена поради најтешката суша во последните децении што ја погоди Полска, пренесува „Би-би-си“.

„Пожарот не може сам да избувне, не е средина на летото, нема греење или молњи. Не знам како да го наречам тоа. Глупост? Неодговорност?“, рече директорот на паркот Анджеј Григорук.

Туристичкиот водич во паркот, Анешка Зак, вели дека пожарот е голема трагедија за живиот свет во паркот, кој почнал да се развива во пролет.

„Можеби ќе треба да се бориме со пожарот со месеци“, рече таа за телевизија ТВН.

Треба да знаете
Последни објави