Skip to main content
Спорт

Венгер најавува ново правило, кое од корен ќе го смени фудбалот

08/05/2025  11:49

Фудбалот наскоро би можел да доживее вистинска револуција, а зад потенцијалната промена стои Арсен Венгер, легендарен тренер и сегашен раководител на одделот за глобален развој на фудбалот во ФИФА.

Неговата идеја би можела радикално да ги промени правилата на играта, а особено ќе ги израдува навивачите бидејќи, според најавите, би донела пофлуиден фудбал и би им ја олеснила работата на судиите.

Венгер се осврна на историјата на правилото за офсајд и објасни зошто дојде време за промена.

„Кога одлучивме, пред воведувањето на ВАР, дека повеќе нема офсајд ако сте во иста линија со дефанзивецот, тоа беше во 1990 година. По Светското првенство во Италија, немаше голови што беа признати ако сте биле во офсајд, дури и кога сте биле во иста линија со дефанзивецот. Во таа година, во 1990 година, беше одлучено дека играчот повеќе не е во офсајд ако е во иста линија со дефанзивецот“, објасни Венгер.

Повод за ваквото размислување е поништениот гол на Хенрик Мхитарија, во првиот полуфинален меч меѓу Барселона и Интер. Палецот на ногата беше во офсајд и поради тоа ВАР го поништи голот на Ерменецот.

„Кога се сомневате, предноста оди кај напаѓачот. Тоа значи дека кога има некаква минимална разлика, како што видовме сега, напаѓачот би имал предност порано. Со ВАР, таа предност исчезнува. И многу луѓе, мислам дека во Англија, изброија 37 поништени гола поради минимален офсајд. И тоа е фрустрирачко. Затоа предложив решение. Сè додека кој било дел од вашето тело е во линија со дефанзивецот, не сте во офсајд“, додаде легендарниот стручен коментатор.

Венгер појасни дека ќе го изнесе ово предлог пре надлежното тело (ИФАБ), а дека околу неговата примена ќе се разговара за една година.