Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во друштво на лице кое пред два дена било фатено со дрога

05/05/2025  14:48

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека е опкружен со криминалци и уживатели на дрога. Од партијата го посочија лицето Андон Стојков, кое, како што велат, пред два дена во Штип е фатен од страна на полицијата со дрога.

Според партијата на власт, Стојков е поранешен претседател на СДММ Струмица и важи за близок човек до Филипче и екс-лидерот на партијата, Зоран Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ објавија фотографии на кои Стојков се гледа во друштво на Филипче и Заев.

-Со вакви луѓе е опкружен Венко Филипче, луѓе на Заев, криминалци и уживатели на дрога. Го прашуваме со уште колку криминалци е опкружен? И што тој има заедничко со нив, праша Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.