Skip to main content
Хроника

Шест лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

05/05/2025  14:35

Шест лица се повредени вчера, од кои две потешко, при судир на „фиат“ и „тојота“ на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Како што додаваат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот С.Ц. и неговиот сопатник М.М.(71) од с.Алгуња, а со телесни повреди се здобиле Б.С. и нејзините сопатници Ј.Ј.(32) и З.Т.(59), двајцата од с.Ранковце, општина Ранковце и еден малолетник од Р.Хрватска, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.