
Сребрен медал и нови 7,20 поени за олимписката ранг листа за квалификации за Лос Анџелес 2028 година, викендов, освои македонската олимпијка и најдобра спортистка за 2024 година, Милијана Релиќ.

Успехот го постигна на силниот Г-1 турнир во таеквондо во Криштианштад, Шведска.
Во првото коло Мила беше поуспешна со 2:0 во рунди од домашната натпреварувачка Нора Хогфелт, следуваше победа над шведската репрезентативка Тиндра Андерсон со 2:0 во рунди. Во полуфиналето, Мила издвојува победа над Чиа Веи Ванг од Тајпеј со 2:1 во рунди. Во финалето, таа беше поразена од хрватската натпреварувачка Дора Мештровиќ.
Од ТКД Тигри настапи и Горјан Бадаровски кој освои бронзен медал во категорија сениори +87кг. Бадаровски освои бронза и на Скопје Рамус Г-1 опен во март годинава.
Од Македонија свое деби во сениорска конкуренција имаа и младите Христијан Симоновски и Давид Божиновски од ТКД Младост.