Skip to main content
Хроника

Хорор во Скопје: Маж си ја уби сопругата

03/05/2025  19:01

Денеска (03.05.2025) околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници од РЦГР Север го лишија од слобода Н.А.(38) од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело “убиство”.

Денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Н.А. се дал во бегство, но веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и околу 17 часот тој е лишен од слобода и во координација до јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава.