Skip to main content
Магазин

„Време за плачење“: Емотивна посвета за Кочани од Тамара Тодевска и Роберт Билбилов

30/04/2025  23:38

Оригинално напишана и изведена од Игор Џамбазов, песната „Време за плачење“ добива нов живот во нова, длабоко емотивна интерпретација. Овојпат, моќниот вокал на Тамара Тодевска, во комбинација со суптилниот аранжман и продукција на Роберт Билбилов, ја претвора песната во трогателен музички омаж за жртвите од трагедијата што се случи на 16 март во Кочани.

MK Summit

Објавена преку светски познатата продукциска куќа Cafe De Anatolia, оваа верзија ја пренесува болката што зборовите не можат да ја искажат – тишината, загубата, но и љубовта и сочувството.

„Време за плачење“ зборува таму каде што сè замолчува, нудејќи утеха и почит за оние што ги изгубивме.